ЗНМ изрази сочувство за смртта на Никола Младенов

Од:

Здружението на новинарите на Македонија денеска изрази жалење за смртта на новинарот и сопственик на весникот „Фокус“, Никола Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа во близина на скопската населба Хиподром.

Прераното заминување на Младенов не е само голема загуба за неговото семејство и неговите пријатели, туку претставува огромна загуба и за сите македонски новинари. Изгубивме колега, кој остана верен на неговите читатели и критичен на секоја власт. Вакви новинари се ретки и затоа загубата е огромна. Никола беше и останува светла точка на македонското новинарство, од кого ќе можат да учат иднините генерации новинари, се вели во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура