ЗНМ: Изборот на Цветковски за директор на МРТВ не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис

Од:

Здружението на новинари на Македонија смета дека резиборот на Марјан Цветковски за директор на Македонската радиотелевизија не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис и неговото ослободување од политичка контрола. Изборот на Цветковски е резултат на силниот притисок што врз членовите на Програмскиот совет го правеа опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владината ДУИ, велат од ЗНМ.

„За жал, членот на ЗНМ, кој не го поддржа изборот на Цветковски, не успеа да ги убеди членовите на Советот, новиот директор да биде искусен менаџер, кој не е поврзан со ниту една партија.

Потсетуваме дека најмалку четворица членови на Советот кои гласаа за Цветковски, во ова тело се избрани спротивно на законот. Членот 119, став 1 алинеја 2, од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вели дека лицата кои во последните пет години биле носители на јавни функции, не може да бидат избрани за членови на Програмски совет.
Го повикуваме Собранието да констатира неспоивост на функции и да ги разреши од Програмскиот Совет на МРТ Јагнула Куновска и Косана Мазнева, поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Агим Љека, поранешен амбасадор и Снежана Клинчарова, поранешен портпарол на општина Бутел.

ЗНМ предупредува дека реформирте во јавниот сервис не смеат да бидат предмет на политички пазар меѓу власта и опозицијата, на штета на јавниот интерес, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ