ЗНМ и СЕММ бараат крајна внимателност при известувања за лични трагедии или самоубиства

Од:

Здружението на новинарите (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по повод известувањето на дел од медиумите во врска обидите за самоубиство, преку соопштение ги повикуваат новинарите на максимално почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање.

Од ЗНМ и СЕММ потсетуваат на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој, „новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост“.

Воедно, од ЗНМ и СЕММ потсетуваат и на обврската на медиумите содржана во член 8 од Кодексот, според која „начинот на информирање во случаи на несреќи мора да биде ослободен од сензационализми“.

Овие членови од Кодексот јасно упатуваат на обврската на новинарите да известуваат за случаите на самоубиства или обидите само доколку станува збор за поширок јавен интерес или, пак, кога станува збор за јавни личности, со цел објективно да се информира јавноста и да се избегнат можните шпекулации. Но, и во тие случаи новинарите имаат одговорност да известуваат урамнотежено, со сигурни докази потврдени од релевантни извори и секогаш почитувајќи ги личната болка и жалост на најблиските, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје