Новинарските здруженија: Димова дискредитира и се заканува на новинари од позиција на моќ

Од:

„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон нашите колеги од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова,“ се вели во заедничкото соопштение на новинарските здруженија.

„Во соопштението потпишано од Димова и Зоран Златковски, управител на „В.Е.З. Трејд“, објавено како реакција на текстот објавен од „А1он“ со наслов „Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација“, има тенденција за дискредитирање на авторот на текстот, како и обиди за утврдување и оценување на новинарските стандарди, што е исклучиво работа на професионалната новинарска заедница . Неприфатливо е државни функционери од позиција на моќ да се закануваат со тужби за навреда и клевета кон новинари, бидејќи тоа речиси во сите случаи се толкува како притисок врз медиумите и слободата на печатот и обид за наметнување на цензура,“ велат од ЗНМ, СЕММ и ССНМ.

„Потенцираме дека јавните личности, особено избраните и именуваните функционери се подложни на јавна критика и тоа треба да го прифатат како дел од нивната работа. Ги упатуваме засегнатите, наместо јавно да омаловажуваат новинари и да се бават со новинарска етика, да се обратат до Советот за етика во медиумите во Македонија или Советот на честа во ЗНМ, но и да го искористат правото на демант доколку е тоа нужно.

Истовремено, апелираме до новинарите и медиумските работници да се придржуваат до кодексот на новинари и до професионалните и етички стандарди и при објавување на содржини за евентуална злоупотреба на јавни фондови внимателно да ги земат во предвид сите кредибилни извори на информации,“ се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Македонија треба да врати 2,2 милион евра злоупотребени од програмата Еразмус+

Катерина Ѓуровски

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова

(ВИДЕО) Лидија Димова не дојде на првото судење со оправдување за влошено здравје, судијката реагира: Не ми се допаѓа ваквиот почеток!

Кристијан Ландов

Обвинение за Лидија Димова, предизвикала штета од 20 милиони денари со злоупотреби

Кристијан Ландов

Вештачење ги дели Лидија Димова и соработниците од обвинение за злоупотребите во Националната агенција

Кристијан Ландов

Лидија Димова ја тужела Агенцијата со која директоруваше, додека чека Обвинителството да одлучи дали ќе ја гони неа

Кристијан Ландов