ЗНМ бара оставка од директорот на топланата Скопје, Север: Рамадани со груби навреди кон новинарката Додевска

Од:

Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата Скопје, Север, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк, велат од Здружението на новинарите на Македонија.

„Во телефонски разговор помеѓу колешката Додевска и директорот Рамадани, поврзан со тема околу дозволите на оваа топлана, Рамадани на груб начин со недоличен речник ја пцуе новинарката со зборовите Пи*ка ти материна… матер ти е*ам!

ЗНМ алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е недозволив и непримерен. Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос може да води кон самоцензура. Ваквиот однос претставува и притисок на слободата на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес.

Директорот Рамадани исто така, според разговорот објавен на мкд.мк, се заканува со тужба на новинарката Додевска без никаква основана причина што дополнително говори за нискиот капацитет за професионална комуникација.

ЗНМ стои на располагање на колешката Додевска за бесплатна правна помош и за застапување на суд во врска со овој случај“, се додава во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада