ЗНМ го осуди оштетувањето на возилото на новинарката Клинчарова

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува оштетувањето на возилото на новинарката Вики Клинчарова од неделникот „Фокус“.

Во реакцијата, ЗНМ нападот го оценува како директен атак врз слободата на говорот и правото на информирање.

– Колешката Клинчарова, на која вчера непознати сторители со остар предмет го оштетиле нејзиното возило, минатата недела добила закани од лице со криминално досие поради објавен текст во неделникот. Разочарани сме од бавната реакција на полициската станица во Неготино, која испуштила веднаш да го повика на разговор лицето што упатувало закани на новинарката, со објаснување дека било празник, се наведува во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ смета дека политичката волја на Владата и на новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да престанат нападите на новинари нема да вроди со плод ако ваквата политика не се спроведе од сите полициски структури.

– Најдобра превенција на идни напади на новинари е воспоставување на ефикасен институционален механизам за остро казнување на напаѓачите на новинари. Тоа ќе ги обесхрабри насилниците и ќе создаде безбеден амбиент за работа на новинарите, без кое нема да се подобри состојбата со слободата на медиумите во Македонија, се вели во соопштението.

ЗНМ наведува дека во последните шест години има регистрирано над 50 напади на новинари, а ниту еден од насилниците не е казнет

Би можело да ве интересира

ЗНМ бара повлекување на наредбата од организациската директорка на Токсикологија

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава