ЗНМ: Ги осудуваме заканите на ДУИ насочени кон Лајм

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) со тужби за клевета против дневниот весник Лајм. ЗНМ смета дека ваквата практика на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот шеф на кабинет, пратеникот Артан Груби претставува директен притисок врз слободата на медиумите. Во демократски земји не е практика носители на јавни функции да тужат новинари за клевета затоа што се смета дека тие треба да имаат повисок праг на толеранција кон јавна критика, стои во соопштението од ЗНМ.

“Ги повикуваме функционерите на ДУИ да ја прифатат понудата на весникот Лајм да испратат демант или исправка на објавените изјави, кои тие ги сметаат за клеветнички. Ако Ахмети и Груби се убедени дека Лајм ги прекршил професионалните и етички стандарди ги потсетуваме дека единствено тело кое може да даде мериторна оценка за тоа се Советот на Честа на ЗНМ и Советот на етика на медиумите. Место да се закануваат со тужби, ги повикуваме челниците на ДУИ да поднесат жалба до Советот на честа или Советот за етика. Со тоа ќе се задоволи правдата и вистината и нема да се врши притисок врз медиумите. ЗНМ ја разбира загриженоста на колегите од Лајм за исходот од евентуалниот судски спор ако се има во предвид дека во минатиот период имало примери кога владејачките партии влијаеле на судски одлуки“, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада