ЗНМ ги осудува заканите кон новинарот од Тетовасот Невриј Адеми

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите кон новинарот на Тетовасот Невриј Адеми од страна на вработено лице во општина Тетово.

„По објавената сторија од страна на новинарот од Тетовасот Невриј Адеми за непотизмот во процесот на вработување на сопругата на Раководителот на секторот за образование во општина Тетово Валидин Адеми, вчера добил онлајн закана на Фејсбук од страна на братот на раководителот Адеми.

Според укажувањата на колегата, лицето Валмир Адеми вчера во приватна порака му се заканил со зборовите: ,,Ми чепкаш во лебот и во семејството затоа од овој момент, ти заедно со твојот газда пазете се”, велат од ЗНМ.

„Заканата е пријавена во Министерството за внатрешни работи и според информациите од колегата Невриј заканувачот бил спроведен во полициска станица.

Овој случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе бара итна реакција од надлежните институции.

ЗНМ ќе се обрати до Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами и ќе инсистира на одговорност од страна на на лицето кое упатило закана кон новинарот Адеми“, соопштува ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Дебата на новинари и претставници на МВР и ОЈО во врска со измените на Кривичниот закон

ЗНМ и СЕММ со пријава до МВР за ширење на говор на омраза на Фејсбук страната на Канал 5

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се расчисти инцидентот во Град Скопје со новинарот Арсов од ТВ Сител

ЗНМ: Новинари и сниматели спречени да ја работат својата работа во Брвеница, осуда за инцидентот

Приведен скопјанец кој денеска физички нападнал снимател на ТВ Алсат