ЗНМ ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката Мери Јордановска

Од:

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека „ќе ја искреира на некролог“.

-Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги преземат сите можни мерки за брзо санкционирање на заканувачот. Случајот е веќе пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, оттаму ги повикуваме институциите брзо да реагираат за овој случај со цел да се превенираат и слични закани во периодот кој следува, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Здружението на новинарите на Македонија неодамна предупреди дека во пресрет на изборите заканите кон новинарите и медиумските работници има тенденција да зачестуваат. Оттаму потсетуваат дека заканите кон новинарите и медиумските работници претставуваат кривично дело и обид за цензура во медиумите.

Од ЗНМ апелираат до политичките партии најостро да ги осудат заканите, во пресрет на изборите да демонстрираат коректен јавен однос кон новинарите и да укажат на своите членови дека нападите и заканите кон новинарите претставуваат кривични дела и за истите се одговара.

Би можело да ве интересира

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски