ЗНМ ги осудува нападите на новинарот и снимателот од А1Он

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува нападите на новинарот Александар Тодевски и камерманот Владимир Желчевски од А1Он.

– Очекуваме МВР брзо да ги идентификува насилниците и да поднесе соодветни пријави, а судот најостро да ги санкционира, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Насилството врз новинари, како што посочуваат од ЗНМ, претставува најсериозен атак на слободата на медиумите и негирање на фундаменталното право на јавноста да биде информирана. Од ЗНМ го повикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, јавно да го осуди вчерашниот напад врз новинарите.

– Во знак на револт поради зачестените напади ги повикуваме сите новинари да не известуваат од вечерашниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“. Во иднина нашиот став во врска со покривање на овие настани ќе зависи од подготвеноста на организаторите и на МВР да обезбедат услови за работа на новинарските екипи, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага