ЗНМ: Добар чекор кон продолжувањето на дебатата за законот за медиуми

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Македонскиот Институт за медиуми (МИМ) и Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) денеска оценија дека министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски направил добар чекор со најавата за продолжување на јавната дебата за законот за медиуми.

– Иако нашето барање беше дебатата да трае 3-5 месеци за да се овозможи сериозен инпут и дискусија околу предложените решенија, сепак сметаме дека Владата овозможува поразумен рок од претходно најавениот. Ќе направиме се што е во наша моќ на конструктивен начин да го коментираме предложениот текст, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Го повикаа Министерството за информатичко општество и администрација на поголема отвореност и еднаков третман на сите актери во заедницата, со можност сите забелешки да се вкрстат на јавна сцена.

– Сметаме дека одговорноста на Министерството за овозможување целосна партиципативност останува. Очекуваме дека Владата сериозно ќе ги разгледа забелешките  што ќе произлезат од јавната расправа и клучните забелешки ќе ги  прифати, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он