ЗНМ: Да не се исклучува јавноста од изборот на директор на Академијата за судии и обвинители

Од:

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост што Академијата за судии и јавни обвинители нема да дозволи присуство на новинари на следната седницата на Управниот одбор, која треба да се одржи во среда кога се очекува да се избере новиот директор на Академијата.

„Одлуката на Академијата да ја исклучи јавноста од следната седница е во спротивност со членот 6 на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, кој предвидува нејзината дејност да се врши јавно, транспарентно и одговорно. Спречувањето на новинарите да ја следат расправата на членовите на Управниот одбор во врска со пријавените кандидати за директор на Академијата, е обид да се работи зад грбот на јавноста и фрла сенка врз процесот на изборот на новиот директор, за кој се пријавиле квалитетни кандидати“, велат од Здружението на новинарите.

ЗНМ го повикува судско-медиумскиот совет да се интересира за случајот и да побара од судските органи кои имаат делегирани членови во Управниот одбор на Академијата објаснување зошто седницата е затворена за јавноста. Оттаму апелираат министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, да го повика членот на Управниот одбор на Академијата, предложена од Министерството за правда, Љубица Караманди Попчевски, да побара расправата за изборот на новиот директор да биде отворена за јавноста.

„Ја потсетуваме Владата и судската власт во Македонија дека најавените реформи во судството се осудени на неуспех ако уште во раните фази процесот биде нетранспарентен“, предупредува ЗНМ.

Здружението ги повика и Делегацијата на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ и Американската амбасада во Скопје да побараат од Академијата за судии и јавни обвинители да ги почитуваат законските обврски за транспарентно работење.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага