ЗНМ: Цензурата е официјализирана, прекин на разговорите со владата

Од:

Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува денешниот инцидент во Собранието каде на насилен начин новинарите беа исфрлени од галеријата од каде ги следат пленарните седници.  Со тоа грубо е прекршен Уставот кој ја гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите.

Наредбодавачите на овој срамен чин ја официјализираа цензурата и одлучија што смеат,  а што не смеат да следат новинарите.   Новинарите насилно избркани со ништо не ја предизвикаа оваа реакција на обезбедувањето, а ниту постоеше правен основ за нивно отстранување.

Бевме отстранети за да не бидеме сведоци на отстранувањето на пратениците од опозицијата  од салата за седници. Ова е преседан кој не смее да помине неказнето.

Од овие причини Управниот одбор на ЗНМ ги прекинува разговорите со Владата се додека не се врати уставниот поредок во Македонија, и извршителите и наредбодавачите на ова срамно однесување не бидат откриени и казнети согласно законот.

ЗНМ ќе ги искористи сите правни механизми да ја заштити слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Исто така ќе ја алармираме целата домашна и странска јавност за случувањата во Собранието.

Би можело да ве интересира

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати