ЗНМ: Безбедноста на новинарите, фоторепортерите и снимателите на јавните протести мора да се гарантира

Од:

Здружението на новинари на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи гарантирање на безбедноста на присутните новинари и сниматели, на протестите кои се одржуваат против новите анти ковид мерки.

„Слободата на говор и правото на протест е загарантирано право и уставна категорија, меѓутоа кога со злоупотребата на овие права се загрозува безбедноста и животот на другите, во случајов новинарите, бараме итна превентивна реакција на институциите“, велат од ЗНМ.

„Говорот на омраза кон одредена група може да поттикне насилство од омраза за кое кривичниот законик предвидува поголеми затворски казни. Исто така, новинарите кои се службено присутни на јавни протести со цел истите да ги проследат таму се на работна задача во интерес на јавноста и правото на информирање. Нарушување на нивната безбедност од јавни настани го ускратува и правото на граѓаните да бидат информирани.

На вчерашниот јавен протест, организиран од страна на група граѓани поттикнат од новите мерки за превенција беа упатени вулгарни пораки и груби навреди кон новинарите, а на тој начин индиректно ја загрозија безбедноста на новинарите и снимателите кои беа присутни да го проследат овој настан. Анонимните говорници на овој протест не само што самите преку својот говор ја загрозија безбедноста на медиумските работници тие дополнително ја поттикнаа и присутната толпа да учествува во омаловажувањето новинарите“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ: Осуда за омаловажувачкиот и непримерен однос на Јакимовски кон новинарите

А1он

Напад врз медиумските работници е напад врз слободата на говорот, 27 април останува симбол на неказнивоста

Катерина Павлова-Николовска

SafeJournalists: Јавна осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите во Македонија – институциите мора да реагираат

ЗНМ: Надлежните итно да постапат за нападите врз новинари, креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане

Ана Ололовска

ЗНМ: Осуда за обидите за дискредитација кон новинарката Џумадије Ибраими од ТВ Клан

А1он

Средба ЗНМ и Лекарска комора: Да се унапреди комуникацијата меѓу новинарите и лекарите

Ана Ололовска