ЗНМ бара Владата да ги почитува ковид протоколите и да обезбеди услови за безбедна работа на медиумските работници

Од:

ЗНМ реагира до Владата да се придржува до протоколите кои пред секој настан ги пушта во соопштенија, но во пракса не се почитуваат.

На денешната прес конференција на бугарскиот премиер Кирил Петков и македонскиот Димитар Ковачевски, не биле заштитени медиумските работници од ширење на вирусот.

„На фотографиите од денешниот настан може да се забележи дека снимателите немаат безбедни услови за работа поради несоодветниот простор во кој нема речиси никаква дистанца помеѓу медиумските работници, а со тоа директно се изложени на здравствен ризик по нивното здравје.

ЗНМ бара од Владата кога има ваков тип на настани за медиумите во иднина да се обезбедат соодветни услови за нивна работа и строго да ги почитуваат здравствените протоколи предвидени за јавни настани“, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април