ЗНМ бара Комисијата прво да го разгледа исфрлањето на новинарите од собраниската галерија

Од:

Здружението на новинарите на Македонија го поздравува формирањето на Анкетната комисија, која меѓу другото треба да ги утврди и фактите за инцидентот со новинарите на 24 декември и го реафирмира предлогот прво да биде разгледано исфрлањето на новинарите од собраниската галерија затоа што, според ЗНМ, тој инцидент е многу појасен и со ништо не е поврзан со останатите случувања во и околу Собранието.

ЗНМ, како што се наведува во нивното соопштение, верува дека анкетната Комисија ќе го прифати овој предлог што ќе овозможи брзо обновување на дијалогот со Владата, што е барање на ЕК. Со расветлување на инцидентот, се наведува во соопштението Комисијата ќе придонесе за отворена и инклузивна расправа за Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни услуги.

– Ако биде прифатен овој конструктивен предлог, ЗНМ ќе ги повика новинарите активно да соработуваат и да сведочат пред Анкетната комисија, се вели во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски