ЗНМ: Агресивната комуникација на пратеникот Апасиев стимулира омраза

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја осудува агресивната јавна комуникација на актуелниот пратеник и лидер на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев кон новинарот Љупчо Златев.

„На својата Фејсбук страница пратеникот Апасиев со јавна објава тенденциозно го етикетира и омаловажува колегата Златев преку вулгарни навреди кон него и со груби политички квалификации за медиумот „Лидер.мк“. Освен ова, авторот на објавата дозволува навредите и омаловажувањата од други корисници да продолжат како посебни коментари од страна на трети лица, очигледно симпатизери на оваа политичка партија“, велат од ЗНМ.

„Преку ваквата непримерна комуникација, освен обидот за јавна дискриминација на новинарот Златев и медиумот во кој тој работи, пратеникот Апасиев јавно провоцира и други лица да споделуваат погрдни зборови но и закани  упатени кон колегите и овој медиум. Фактот што овие закани како и говорот со елементи на омраза остануваат како одговор на објава на пратеникот Апасиев, истите можат да поттикнат дополнителна омраза но и насилство кон новинарите. 

Пратеникот Апасиев има репутација јавно да се пресметува со новинари и медиуми за кои не му се допаѓа како известуваат а исто така на неколку наврати има поднесувани тужби кон новинари за процеси кои потоа ги има загубено или се има повлечено.

Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години. За поведението на пратеникот Апасиев, ЗНМ ќе ја извести и Европската федерација на новинари“, се додава во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада