ЗНАМ: СДСМ, ресетирајте се – излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи!

Од:

Откако СДСМ, како по обичај, се обиде да ја замени реалноста со партиска илузија, чувствуваме обврска да ги потсетиме на неколку непобитни факти. Додека тие зборуваат за „најсилна опозициска партија“, граѓаните во првиот круг од локалните избори зборува преку бројки – а бројките за нив се запрепастувачки. СДСМ, под актуелното раководство, го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја, велат од ЗНАМ.

„Нивните кандидати за градоначалници беа избришани уште во првиот круг во повеќе општини, и тоа во Куманово, нивниот „чесен и докажан“ кандидат Мартин Костовски, не успеа ни да влезе во вториот круг, и заврши на срамно четврто место. Додека пак нивниот кандидат за градоначалник во Центар, Горан Герасимовски, ќе биде убедливо поразен во вториот круг. Толку за нивните „планови“, „сила“ и „рејтинг“.

Имено, ја разбираме потребата на ова раководство на СДСМ да се обиде политички да преживее дури и по ваков дебакл на локалните избори. Но она што се случи, е доказ дека СДСМ повеќе не е партија, најмалку “најсилна опозициска партија”, туку распаѓачки остаток од некогашен систем што живее само на инерција и старо име. Партијата што некогаш се темелеше на вредности и идеали, денес е претворена во приватен клуб на интереси, бизниси и меѓусебни војни за остатокот од влијание. СДСМ е политички труп што глуми живот додека се гуши под тежината на сопствениот криминал и лаги, без визија, без морал.

Колку и да се обидуваат да ја префрлат вината, фактите се сурови: СДСМ не изгуби поради ВМРО, ниту поради ЗНАМ – изгуби поради себе, поради ароганцијата, криминалот и отуѓеноста од народот. Изгуби затоа што одамна ги заменија идеологијата и вредностите со лични интереси! Движењето ЗНАМ не е ничиј тројански коњ, ниту придружна партија во туѓи игри. ЗНАМ расте, и тоа благодарение на граѓаните што веруваат дека чесноста, принципите и работа во нивен интерес сè уште имаат смисла. На овие локални избори ја потврдивме стабилизацијата на нашето гласачко тело и покажавме дека политиките што ги водиме се во вистинска насока.

Нашиот концепт на народна и чесна политика добива сè поголема поддршка низ целата држава – и тоа беше првата јасна порака од првиот круг на овие избори. За првпат, Движењето ЗНАМ освои советнички места во повеќе од 50 општини, како и во Градот Скопје. Тоа е доказ дека ЗНАМ станува релевантна политичка сила што го менува системот одвнатре, со работа, резултати и чесен пристап.
А на СДСМ им порачуваме – ресетирајте се и излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи кои ве држат заробени! Ослободете се од продолжената рака на Заев, Венко Филипче и криминалците што ја претворија партијата во приватна фирма и политички сервис на неколкумина. Го изгубивте целосно достоинството, ја изгубивте довербата и контактот со народот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти – за безбедни згради и сигурни граѓани

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: 10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС

Димитриевски: Комплексот К4 ќе добие повеќе паркинг места, зелени површини и ќе се спречи градба на нови згради!