ЗМСТАС: Најостра осуда за нападот врз медицинската сестра во поликлиниката во Драчево

Од:

Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС најостро го осуди нападот на медицинската сестра, кој вчера вечер се случи во поликлиниката во Драчево.

– Ова не е прв пат медицинските сестри да бидат изложени на напади. За жал, сметаме дека голема улога има и тоа што се уште немаме Закон за нашата дејност. До кога треба да се чека да се променат работите во нашата држава? Се чини дека дискутираме само тогаш кога ќе се случат немили настани како овој, истакнаа од Унијата.

Нагласуваат дека е недопустливо е да се дозволи сестринската фела да биде изложена на нехуманост.

– Апелираме до надлежните, особено до Министерството за здравство да ги превземат сите потребни активности за разрешување на случајот, но и пронаоѓање соодветно решение да не се повторуваат истите дејствија, реагираат од извршниот одбор на Унијата предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС.

За инцидентот денеска информира Министерството за внатрешни работи. Вчера околу 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Драчево Ј.Г.(41) физички ја нападнал М.Л.(60), медицинска сестра.

Против Ј.Г по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски