Змија влезе во амбуланта, пациентите избегале со плачење

Од:

Во амбулантата во општина Ѓорче Петров влегла змија, а пациентите избегале во паника надвор. Ова се речиси распаднатите бараки на Здравствен дом во кој има концесионери, општи лекари, педијатри, стоматолог.

Изутринава додека имало десетина пациенти кои чекале на ред за преглед, влегла змија во бараката при што настанала паника. Исплашени и со викање истрчале надвор.

Од ДСЗИ кои беа повикани во објектот информираат дека е направен вонреден инспекциски надзор уште во април 2018 година во истиот објект и дека со решение го задолжиле сопственикот ЈЗУ Здравствен дом Скопје за адаптација или реновирање на објектот .

Сепак, бараките не се адаптирани ниту реновирани, а ваквата состојба е речиси идентична во многу здравствени објекти низ државава. Додека се зборува за реформите и успеси во здравството, условите во кои се лечат граѓаните се катастрофални, распаднати покриви, ужасни санитарии, клупи и столици од минатиот век, влага и нечистотија.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор