Златни медали за беровските гимназијалци на меѓународен натпревар

Од:

На есенската сесија на меѓународниот натпревар  „Математика без граници“ во Стара Загора, Бугарија, учениците од беровската гимназија „Ацо Русковски“ освоија три златни медали и еден сребрен.

Директорот Гоце Џалевски, при доделувањето на медалите и сертификатите рече дека тие се потврда за квалитетната настава во беровската гимназија.

– Наши ученици учествуваа на меѓународниот натпревар кој е поделен во четири квартали, а во есенскиот дел ние учествувавме со четири ученици и сите добија медали. Значи освоивме три златни и еден сребрен медал што е огромен успех за нашето училиште. Имаме доста талентирани ученици, можам да се пофалам дека во природните науки сме многу добри и тешко дека некој ќе нѐ победи. Како училиште даваме поддршка на овие ученици и ги обезбедуваме сите средства потребни за настапи на наши ученици на вакви натпревари, рече Џалевски.

Професорот по математика Крум Спенџарски, рече дека на натпреварот учествуваат илјадници ученици од сите континенти.

– Овие ученици и досега покажуваа одлични резултати на натпреварите. Ова натпреварување е само доказ дека со програмата по математика и со наставата, се движиме во вистинска насока, а овие ученици ги подготвуваме за натпреварите и за останатите квартали, како зимскиот, потоа пролетниот, а финалниот летен натпревар ќе сеодвива во Несебар, Бугарија, рече Спенџарски.

Златни медали на меѓународниот натпревар освоија учениците Христијан Чочевски и Моника Стојовска ученици од трета година гимназиско образование и Милан Тасевски од втора година, а сребрен медал освои Никола Чамовски ученик во трета година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза