„Златна шајкача“ за Ристески од ВМРО-НП

Од:

Извршниот Комитет на ВМРО – Народна партија, донела одлука за годишна награда „Златна шајкача“.

„Наградата ќе се доделува на 15 јули секоја година, на граѓанин на Република Македонија, исклучиво на антички Македонец, кој во текот на една година наназад дал највисок допринес за ширењето на српската култура и пропаганда во Република Македонија, на сметка односно против интересите на Македонската музика, култура и традиција“, велат од ВМРО-НП.

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО – Народна партија, едногласно беше изгласана и донесена одлука, со која Градоначалникот на Прилеп Г-нот Марјан Ристевски е прогласен за добитник на првата награда „Златна шајкача “.Лица од нашата партија ќе се обидат лично да ја врачат наградата на Градоначалникот Ристески, и доколку не успеат, наградата ќе биде испратена по пошта”, велат од ВМРО-НП.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал