Златко Марин: Продолжување на линиите и почести автобуси во Тодор Чангов и Капчев

Од:

Вчера кандидатот за градоначалник на оштина Аеродром, Златко Марин и кандидатот за градоналник за Скопје Петре Шилегов беа на средби со граѓаните во Тодор Чангов и остварија средби со спортските работници во општина Аеродром. Марин во Чангов пред граѓаните ги презентираше проектите кои се планирани во овој дел од општината, а се по барање на самите граѓани.

„Предвидуваме изградба на нова градинка во Чангов, проширување на улица „41“ и сообраќајна сигнализација на сите улици за поголема безбедност. Со град Скопје ветуваме субвенционирање за набавка на печки за греење на еколошки горива, како и субвенции за ископ на бунари или мотори за наводнување“ им порача Марин на жителите на Чангов.
Граѓаните од Шилегов и Марин побараа и промена на возниот ред на автобусите и почести линии што како ветување го дадоа кандидатите. Златко Марин посочи дека во населбата се проблем азбестните кровови на куќите за чија промена ќе се обезбедат фондови од Европската Унија.

Вечерта во населбата Ново Лисиче се одржи средба со членовите на ВМРО НП, партија која даде целосна поддршка на коалицијата на локално ниво и застана зад кандидатите Марин и Шилегов.

Денеска Златко Марин продолжува на средби со граѓани во Аеродром и ќе потпше меморандум за соработка со неколку невладини организации за поддршка на лица со попреченост.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ