Зимница на празнична трпеза за социјалните семејства

Од:

По повод Денот на гладта, 16-ти и 17-ти октомври, ООУ „Јан Амос Коменски“ традиционално по трет пат организираше хуманитарна акција под мотото „Ајварче за мене, ајварче за тебе“. Пред првиот училишен час, основците ги оставаа своите тегли со зимница на собирниот пункт кој беше поставен во холот на училиштето.

Ајварче, лутеница, корнишони, цвекло, мармалад и слатко, беа дел од големиот асортиман на производи донирани од учениците за учениците.

zimnica-socijala-a (1)

Собраната зимница ќе се подари на учениците од истото училиште на кои најмногу имаат потреба. Дел од собраните тегли, ќе се поделат и на социјално загрозените семејства во општина Карпош.

Хуманитарната акција ќе продолжи и утре каде се очекува исто толкав број на основци кои ќе донираат зимница и ќе им помогнат на своите  другарчиња.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје