Зиков: Македонија ќе биде фабрика под отворено небо

Од:

Коалицијата за Позитивна Македонија, предводена од основачите на Алијансата за Позитивна Македонија, Минчо Јорданов и претседателот и носител на изборната единица 1, Љупчо Зиков синоќа остварија средба со граѓаните на Штип.

Јорданов наведе дека во Македонија има добри идеи, но потребни се побрзи чекори и порадикални мерки.

-Да спречиме поделбата на леви и десни, конзервативни и прогресивни, една поделеност која се граничи со појавување многу радикални позиции било од десната или од левата партија, проследено со исто така радикални предлози од одредени етнички партии. Освен политичката борба, со која сакаме да ги неутрализираме лошите иницијативи, предлози, радикалните од која било страна или етничка група, ние сакаме да го решиме и прашањето за Белата чума, преку економски политики, кои ќе отворат нови работни места- истакна Јорданов.

Претседателот на КПМ, а воено и носителот на изборната единица 1, Љупчо Зиков нагласи дека КПМ го има концептот за спречување на иселување и голем други проекти кои нудат конкретни чекори и мерки.

pozitivnaMkdKumanovo

-Се иселуваат граѓаните од Македонија, само за да заработат нешто и да ги вратат долговите. Не можеме да бидеме слободни граѓани. Либерализмот овде не може да постои, бидејќи не постои економска безбедност, слобода и правната сигурност. КПМ веќе победи, бидејќи тие ги украдоа нашите идеи и проекти. Ние не бараме сопственост над тие идеи, но мора да разберат дека и од оваа говорница ние ги поддржуваме да ги реализираат нашите проекти-истакна Зиков.

Тој вети дека нивен прв голем проект е 100.000 вработувања, кои ќе се постигнат со отворање 10.000 фабрики.

-Македонија ќе ја направиме фабрика под отворено небо. Ние ќе ја обработуваме сопствената земја и нема да дозволиме да бидеме аргати. Ќе ги убедиме нашите земјоделци дека е добро да се зближуваат едни со други, да соработуваат-додаде Зиков.

Пред присутните, во Домот на културата во Штип се обратија и кандадатите за пратеници во изборна единица 3, Дарко Панев, Марјана Перковска и носителот на изборната листа генералот во пензија Илија Николовски.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески