Зиjадин Села во Речица: 18 години водата на Шар Планина се носи преку канали во Маврово, а Тетово нема вода

Од:

Недостаток на вода за пиење беше и е, еден од главните проблеми на граѓаните на Тетово и околината. Зиjадин Села, претседател на Алијансата за Албанците, разговараше на оваа тема со жителите на Речица, заедно со кандидатите за пратеници во шестата изборна единица. Села им вети на жителите од оваа област дека по четири години повеќе нема да се зборува за пиење вода затоа што ова ќе биде реалност.

„Штом ја зимаат водата што Бог ни ја дава преку оваа убавина што е Шар Планина и штом ја носат преку канали во Маврово а Тетово го оставаат без вода, иако 18 години добија мандат од тетовци. Тие веќе немаат место меѓу вас. Додека ветуваме дека кога ќе дојдеме после четири години, веќе нема да зборуваме за вода, нема да зборуваме за улички и училишта затоа што тие ќе бидат реалност”, потенцираше меѓу другото, носителот на списокот на кандидати за пратеници од коалицијата „Сега е време“ во шестата единица, Зиjадин Села.

Toj апелираше до присутните да го испочитуваат прагот на албанскиот дом, понизно да одат во секој дом на Албанците, без оглед на партиската припадност и да побараат поддршка за коалицијата АА-ААА, за доброто на сите Албанци.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он