СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

Од:

одиме сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот,  информират од СДСМ во соопштение.

Нивниот генерален секретар Љупчо Николовски денеска попладне имал средба со организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби, со кого имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани за мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и региконот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба.

Разговарале за парламентарно мнозинство и за коалиција за полн, четиригодишен, стабилен мандат и потврдиле дека нема друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија.

Од СДСМ  во соопштение протенцираат и дека преговори се водат за Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата.

-Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот. Заради подобра заштита на здравјето на граѓаните, за поголема сигурност и економска предвидливост, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и полн мандат на новата Влада која ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. Граѓаните ни ја дадоа довербата на изборите. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните, наведуваат од СДСМ,

ВМРО-ДПМНЕ, пак, во реакција на нивното соопштение побара да кажат „кои се партиите од новото мнозинство и која е цената за таквата коалиција“.

-Наместо досадни и стерилни соопштенија за себехрабрење бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство јавно ги повикуваме да кажат кои се партиите од ново мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, во спротивно ќе се докаже дека лаже и манипулира. Што се однесува до иднината за која пишуваат ако од СДСМ зависи иднината тешко на државата и граѓаните. Бидејќи велат дека од нив зависела европската иднина тогаш јавно прашуваме што ги спречуваше до сега нејзе да ја донесат, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

По конституирањето на Собранието на 4 месецов, тече 10 дневниот рок за обезбедување парламентарно мнозинство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност, но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он