Зијадин Села со крваво лице по нападот на Собранието

Од:

При нападот на Собранието од страна на демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“, пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села беше најмногу повреден.

Демонстрантите со столиците, тврди предмети и боксови ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство при што со физички повреди се здобија Зоран Заев, Дамјан Манчевски, а најповреден беше Зијадин Села.

На фотографијата која што се шири по социјалните мрежи може да се забележи како пратеникот е со крваво лице легнат и влечен по подот во Собранието.

Како што информираат од неговата партија, Села бил пренесен во една од приватните болници во Скопје каде што му се укажува помош.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик