Зијадин Села излегува од Владата

Од:

Поради нарушување на договорот што го имале со претседателот на Владата, Зоран Заев, лидерот на Алијанса за Албанците најави дека ќе продолжат да делуваат како опозиција. Зијадин Села најави дека денеска или најдоцна утре ќе ги достават оставките на замениците министри до Владата во писмена форма.

Премиерот Зоран Заев рече дека оставките на замениците-министри од Алијансата за Албанците се очекуван чекор откако лидерот на оваа партија, Зијадин Села не ја прифатил понудата од Владата за потпретседателско место за реформи во Владата.

Тој на прес-конференцијата во Владата каде што беше презентиран планот за економски раст, изјави дека нема да брза со разрешување на кадри во институциите како од претходната власт така и од Алијанса за Албанците, бидејќи квалитетните кадри треба да останат и верува во капацитетот на тие граѓани.

Тензиите меѓу Заев и Села започнаа откако министерот за здравство од редовите на Алијансата, Арбен Таравари одлучи да ја напушти министерската функција и да се кандидира за градоначалник на Гостивар. По оставката, партијата на Села бараше да биде именуван нов министер од нивната партија, но Заев одби и појасни дека тоа место и било доделено на Алијансата поради квалификациите и способноста на Таравари.

Таравари денеска изјави дека за нив е подобро да бидат достоинствена опозиција отколку „слепо црево“ во Владата.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција