Зибери: Државата мора да создава законска и друга инфраструктура за компаниите да се развиваат

Од:

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери присуствуваше на означувањето почеток со работа на новата фабрика за стакло во тетовската технолошко индустриско развојна зона, по што оствари средба со бизнисмените во регионот.

Тој истакна дека разговарале за развој на бизнисите и унапредување на условите.

– Ја искористивме приликата и да се сретнеме со одреден број на луѓе кои ги водат компаниите во регионот и поширико , да им ги изложиме нашите визии и да им ветиме дека ќе бидеме отворена порта за сите нивни проблеми и дека државата мора да создава законска и друга инфраструктура а компаниите да ја искористат таа можност и да ги развиваат своите капацитети, зошто тоа е заеднички интерес што повеќе компании, што повеќе вработувања и толку повеќе приходи во буџетот и помал број на невработени. Се разбира ги слушнавме и нивните забелешки и нивните проблеми кои се често пати сериозни и ги слушнавнме нивните предлози како да го подобриме амбиентот во земјата за да имам побрз развој и побрз излез од последиците кои ги наметнува пандемијата во економскиот сектор, истакна Насер Зибери.

На средбата учествуваа и министрите од ДУИ во Владата, задолжени за ресорите економија, животна средина и привлекување домашни инвестиции.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он