Животни предизвикаа сообраќајки на патиштата во полошко

Од:

Две сообраќајки предизвикани од животни, во кои е предизивикана материјална штета од околу 50 илјади денари, се случиле вчеравечер на автопатиштата во полошко, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првата сообраќајка се случила нешто по 19 часот на автопатот Гостивар Тетово  во близина на клучката за Тумчевиште. При тоа патничко возило „Форд“ со странски регистерски таблици управувано од И.Х.(38) од гостиварско Сенокосе удрило и усмртило куче-безодмник. Во оваа сообраќајна несреќа нема повредени, а материјалната штета се проценува на 30 илјади денари.

Вториот сличен настан бил нецел час подоцна околу 20 часот на автопатот Скопје-Тетово во близина на клучката за Желино кога  патничко возило „Ауди“ со тетовски таблици што го управувал 35-годишниот Б.М.(35), налетало, удрило и усмртило овца која се движела по коловозот. И во овој случај нема повредени додека материјалната штета се проценува на 20 илјади денари.

– Полицијата извршила комплетни увиди на двете места и работи на  расветлување на сите поединости поврзани со несреќите со животни што годинава зачестија на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје пред се како резултат на неговата необезбеденост но и на неодговорното однесување на сопствениците на домашни животни изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ