Жителите на штипската населба Караорман добија чиста вода за пиење

Од:

Изградбата на водоводната мрежа во оваа приградска населба започна на 17 октомври 2012 година, а за нејзината изградба од касата на Општина Штип беа издвоени 79.245 евра. Овие средства беа искористени за поставување водоводни цевки во должина од 1760 метри, со кои приградската населба Караорман се приклучи кон штипскиот градскиот водовод, а со тоа се обезбеди чиста вода за пиење за 1100 граѓани од оваа населба.

stiip vodovod (1)

Според првичниот договор што Општина Штип го имаше склучено со изведувачот „Изгрев инженеринг“ од Велес, овој проект требаше да биде завршен 45 дена по датумот на отпочнувањето, односно кон крајот на месец декември кога градоначалник на општина Штип беше Зоранчо Алексов во чија што предизборна програма во 2009 година беше предвиден овој проект.

stiip vodovod (3)

На денешното свечено пуштање во употреба на водоводниот систем во приградската населба Караорман присуствуваа градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев и директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски.

Мицевски истакна дека со новата водоводна мрежа протокот на вода се зголемува од 8 на 12 литри во секунда и дека со неа со вода за пиење се обезбедуваат 300 семејства од Стар Караорман.

stiip vodovod (2)

„Следуваат и други проекти во оваа населба, изградбата на канализациска мрежа, ќе се градат улици и тротоари, а наскоро ќе започне и изградбата на црквата во оваа населба“, изјави Захариев.

Граѓаните на Караорман се задоволни што по три децении ветувања од страна на сите досегашни локални власти конечно дојде моментот кога овој проект стана реалност.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ