Жителите на Горно Оризари се уште без вода, повторно го блокираа локалниот пат

Од:

Жителите на Горно Оризари во знак на револт и денеска го блокираа локалниот пат. Причина за протестот е нефункционалноста на водоводниот систем, односно, околу 2000 жители на велешкото село останаа без вода.

Тие велат дека со овој проблем се соочуваат речиси секое лето.

Општина Велес подготвила проект со кој е предвидено проширување на водоводната цевка. Од Од општината велат дека проектот бил испратен до Министерството за транспорт и врски, но се уште не добиле одговор.

Од министерството пак велат дека документацијата за проектот не е комплетна и дека општината мора да ја докомплетира за проектот да биде испратен до Европската инвестициска банка за средствата да бидат одобрени.

И додека Општина Велес и Министерството за транспорт и врски си дофрлуваат кој е виновен, жителите на селото Горно Оризари во најголемите жештини додека земјата е во портокалова фаза, преживуваат без вода.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија