Жителите на Куклиш бараат од Владата да ги укине концесиите за експлоатација на песок

Од:

Жителите од струмичкото село Куклиш се собраа на масовен протест и побараа од Владата да ги укине доделените концесии за ископ на песок и чакал на фирмите „Пешо инжинеринг“, „Минерал груп“ и „Жикол“.

Жителите велат дека со ископот кој се врши во атарот на селото се уништува шумскиот појас, а се загадува и основниот извор на вода кој се наоѓа на овој простор, а со тоа доведено е во прашање здравјето на луѓето. Исто така, според жителите загрозена е и безбедноста на пешаците, особено на децата, затоа што возилата на концесионерите поминуваат низ селото.

kuklishprotest (2)

-Тоа е жално и зарем треба да ни загинат најмилите, па да се преземе нешто. Ние апелираме до владата и министерствата под итно да се укинат доделените концесии и да се дислоцираат од селото. Предлагаме министерството за економија да им издаде нови концесии, бидејќи има други локации каде може да се врши ископ, рече Киро Памуков, жител на Куклиш.

Жителите им дадоа рок на владата и министерствата за економија и заштита на животната средина во рок од пет дена да го решат овој проблем, во спротивно се заканија со блокада на патиштата.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица