Жителите на Дабиле протестираа против Агенцијата за патишта поради поплавениот пат од Струмица кон Берово

Од:

Жителите на селото Дабиле денеска одржаа мирен протест поради игнорантскиот однос на Агенцијата за патишта кон нивниот повеќе месечен проблем со поплавите, односно поплавувањето на регионалниот пат Струмица – Берово. Иако уште кон крајот на минатата година добиле ветување од Агенцијата дека ќе интервенираат на овој патен правец, тоа не било направено со образложение дека немало асфалт во асфалтните бази. Според жителите, проблемот е сериозен, децата не можат нормално да одат на училиште, а ниту починатите да се закопаат на селските гробишта.

11104202_741249599319380_838901174_n

-Ние како граѓани на село Дабиле решивме денес да стапиме во протест, бидејќи на патот Струмица-Берово, секојдневно, по секои врнежи се соочуваме со голем проблем. Ние како месна заедница заедно со поддршка од општина Струмица испративме барање до министерството за транспорт и врски на 30 октомври 2014 годинава. Од министерството за транспорт и врски добивме известување дека тие не се надлежни за оваа работа, туку Агенцијата за патишта. Испративме барање до Агенцијата за патишта. Дојдоа луѓето на лице место и го видоа проблемот и ни рекоа дека по десет дена ќе пуштат екипа. Дојде една екипа, мереа со апарати тука од далечина околу сто метри од патот што било под ингеренција на Агенцијата за патишта. Рекоа дека за десет дена ќе почне да се реализира елаборатот, но се уште нема ништо, ни рекоа дека асфалтните бази немаат асфалт. Е сега, другиот проблем, ингеренциите на Агенцијата се знаат- ова е регионален пат, тука треба да ги расчистиме овие работи. Ингеренциите на општината се комуналните проблеми. Тоа не е комунален проблем и не само на граѓаните на село Дабиле, туку е проблем и на целиот сообраќај, бидејќи тоа е регионален пат. Од општината ветија дека за водата која сега се собира тука ќе биде ископано каналчето до самиот пат, но прво Агенцијата за патишта да го направи овој дел што е под нивна ингеренција. Досега нема ништо од тоа. Ние баравме од Агенцијата за патишта во делот каде се собира водата, каде што е ниско, а тие ни ветија дека ќе извршат реконструкција и висината да биде од 30 до 40 сантиметри до таму до каде се нивните ингеренции. Но, од тоа ветување нема ништо. Не дај боже, луѓе умираат, а патот води до гробишта. Благодарение на ЈПКД „Комуналец“ досега најмалку пет-шест пати луѓето интервенираат, но тоа е само да се помогне, изјави Бончо Божиков претседател на месната заедница на село Дабиле.

11096746_741249602652713_138406901_n

Револтот на граѓаните е голем, тие се плашат и од појава на заразни болести.

-Сите сакаме да се санира и да се среди тоа. Од кога ќе почине некој чекаме да дојде цистерната за да ја исцрпи водата. Децата на училиште ги испраќаме со автомобил или викаме такси. Тоа е срамно. Исто така многу смрди и се плашиме од појава на заразни болести. Бараме сето ова да се санира, вели Аце Митевски, жител на селото.

11063258_741249595986047_534429866_n

Бидејќи протестот не бил пријавен, полицијата не им дозволи на жителите на Дабиле да го блокираат регионалниот пат Струмица – Берово, но ако проблемот не почне да се решава до вторник, тие најавија дека ќе го блокираат патот, а ќе им се приклучат и жителите од другите села кои гравитираат кон овој пат.

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски