Жители на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

Од:

Група жители на Ново Маало велат дека денешниот протест на активистите од „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ не бил поддржан ниту од самите нивни членови.

„Благодарност до граѓаните кои не потпаѓаат на манипулациите и не ги поддржаа ваквите протести со кои се спречува конечно решавање на нашиот долгогодишен проблем во Ново Маало.

Овие неколку луѓе кои денес протестираа имаат за цел да вршат притисок врз обвинителството и другите институции, а буквално немаат ништо со активизмот или заштитата на животната средина. Ако беа вистински активисти ќе ја поддржеа идејата да се изгради голем парк на местото на паркингот каде сега освен уништен бетон нема ништо друго. Ако беа вистински активисти, ќе нè поддржеа нас граѓаните да ги решиме нашите проблеми и во 21 век да живееме достоинствено – токму како што Јана Белчева ужива во удобноста на својот стан откако си го продала имотот на Водно каде сега никнува зграда.

Ние моментално во сред Центар немаме канализација и основни услови за живот. Да беа вистински активисти, ќе застанеа зад правдата, а не да вршат неоснован притисок заради своите политички интереси да се прикажуваат како некакви спасители. Апсолутно нема ништо издржано во нивните барања и бараме итно да престанат.

Искрено веруваме дека после денешниот протест каде не можеа да соберат ниту 10 луѓе, ќе се откажат од идејата понатаму да нè блокираат и ќе остават да си ги решиме проблемите.

Апелираме институциите да не подлегнуваат под притисокот бидејќи ние ќе одговориме уште пожестоко со протести доколку ни се скратат правата дадени со Устав“, се наведува во соопштението на група граѓани од Ново Маало.

Би можело да ве интересира

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Инспекцијата од Центар не направила увид кај „Холидеј ин“ оти нема жалба, ниту поплака за новата дваесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Градежен инспекторат: Центар треба да ја прекине градбата на дваесеткатницата кај „Холидеј Ин“

Градежниот инспекторат мижи за изградбата на дваесткатницата кај „Холидеј Ин“, „Зелен хуман град“ најави кривична

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Обвинителството да не го крие злосторничкото здружување за парцелите кај „Холидеј Ин“, не ни требаат дваесеткатници

Маја Илиевска-Пачемска

Жители на Ново Маало: „Зелен Хуман Град“ и останатите лажни борци за екологија немаат право да одлучуваат во име на нашите имоти

Ана Ололовска