(ВИДЕО) Жители на Автокоманда: Ако не ги казните загадувачите ќе излеземе на масовни протести

Од:

Жителите на Автокоманда и Гази Баба со транспаренти во раце на кои пишуваше „Доста ја гушите Гази Баба. Автокомада сака да дише. Најстроги казни за загадувачите“, јавно ги повикаа надлежните интитуции да излезат на терен да се уверат во состојбата со загадениот воздух во оваа населба, а инспекторите да започнат со изрекување на казни на големите загадувачи.

Велат доста им е од ветувања и акциски планови, бараат акција и резултати веднаш.

„Овде во Автокомада имаме индустриска зона со голем број фабрики. Надлежните не убедуваат дека тие имаат прочистувачи и дека се е по закон. Но, ги прашуваме дали излегле да проверат и да видат дали е се во ред. Мерната станица повеќе од една година не работи, а згора на се во план се да оторат фабрика за тешка индустрија со која Автокоманда и Железара дополнително ќе се трујат. Нема да го дозволиме тоа. Бараме надлежните веднаш да реагираат. Доста ни е од ветувања и планови на хартија“, порача Соња Стаменковска од иницијативниот одбор на денешниот протест.

Жителите на оваа населба велат дека дополнително населбата се гуши со новоизградени објекти, нема доволно зеленило, а дрвјата се исечени.

„Срамота е ова што го прават, секој ден гледаме само ѕидаат катови и катови. Го ништија зеленилото ги исекоа дрвјата. За ситни бизнис интереси ги жртвуваат граѓаните. Автокоманда е најзагадената општина, полна со ѓубре и депонии“, вели револтирата жителка.

„И едните и другите што доаѓаат на власт истото ни го прават. Пред избори ни ветуваа дека ќе ги решат нашите проблеми, а ни се ставени уште на полошо дереџе. Само погледнете во болниците колку луѓе има заболени како резултат на загадувањето. Чистиот воздух е основно човекоово право“, додава друг револтиран жител.

На протестот се појави и градоначникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски, кој рече дека локална самоуправа нема многу ингеренции за решавањето на прблемот, но најави дека ќе се заложи да ги искоординира надлежните инспекторати и Министерството за животна средина.

Во однос на новите градби Георгиевски рече дека тие биле согласно ГУП кој сеуште е на сила и дека тие согласно требало да се реализираат.

„Како градоначалник дојдов да дадам поддршка на жителите што со право протестираат. Ќе ги информирам сите надлежни институции особено за профункционирање на мерната станица, а наскоро ќе излезе и катастарот во кој се мапирани сите загадувачи на оштината. Покрај индустриската загаденст имаме проблем и со палење на диви депонии и навистина имаме проблем да се справиме со дивите загадувачи“, објаснува Георгиевски.

На граѓаните од Автокоманда им се придружија и советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои обвинија дека несоодветно се спроведува планот за поставување прочистувачи во основните училишта и градинки. Најавија дека ќе има јавна трибина на нивна иницијатива заедно со граѓани, експерти и надлежните институции.

Граѓаните на Автокманда од протестот порачаа дека ова е предупредувачка мерка и доколку не се огласат посочените институции за решавање на проблемите најавија помасовни протести со блокади на крстосници и институции.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Бугарија: Земјоделците организираа протест пред зградата на Владата барајќи оставка од ресорниот министер