Жител на Врапчишта ги натепал мајката и сестрата

Од:

Четириесет и шест годишен жител на селото Врапчиште е лишен од слобода под сомнение дека извршил семејно насилство врз неговите мајка и сестра.

Според СВР Тетово, С.Р. (72) од гостиварското село Врапчиште, вчера пријавила семејно насилство од нејзиниот син Р.Р (46), кое се случило на 7 овој месец.

Според неа, дента околу 15 часот кај нив на гости дошла Ф.С.(41), ќерка на пријавителката, со која братот Р.Р. веднаш започнал вербално да се расправа. Набрзо потоа физички ја нападнал, барајќи да замине од куќата.Тогаш се вмешала и мајката С.Р, по што Р.Р. се нафрлил и врз неа и со тупаници повеќе пати ја удрил по главата, рацете и грбот, нанесувајќи ѝ повреди.

Насилниот син, ја напуштил куќата, додека двете нападнати С.Р. и Ф.С. се засолниле кај нивните соседи.

Од СЦР Тетово информираат дека пријавениот Р.Р. вчера е лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

За два дена ова е втор случај на пријавено семејно насилство. Завчера заради семејни недоразбирања триесет и две годишен гостиварец ги натепал сопругата и нејзиниот татко.

Би можело да ве интересира

Пијан татко си ја истепа ќерката

Уапсен е скопјанец кој пукаше кон сопругата, па им се закануваше на ќерките

Горан Наумовски

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Одложено судењето на Вангелица Илијевска, ќе се прави супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата Илијевска.

Катерина Ѓуровски