Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 44-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта.
На 22-ри минатиот месец, пријавениот физички го нападнал неговиот брат Б.Н. а потоа кон него испукал еден куршум од огнено оружје-пиштол што го поседувал нелегално.
– Настанот се случил околу 23 часот во центарот на селото Велешта каде се сретнале двајцата браќа. Притоа настанала жестока вербална расправија, а потоа и физички напад од сега притворениот кон неговиот брат. Во еден момент, сега притворениот А.Н. го извадил пиштолот и со дршката го удрил својот брат по главата, а потоа кон него испукал еден куршум нанесувајќи му влезно-излезна рана во слабината. Веднаш потоа А.Н. влегол во своето патничко моторно возили марка „мерцедес“ и избегал од местото, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Повредениот Б.Н. е пренесен во општата болница во Струга каде му била извршена медицинска интервенција.
Струшката полиција на 10-ти овој месец го пронајде и приведе А.Н. по што по решение од Основниот суд во Струга му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.