Жител на Свиларе со нож ранил колега во фирма од Миладиновци

Од:

Вчеравечер се случил инцидент во фирма во скопското село Миладиновци, каде жител на Свиларе, вработен во компанијата, со остар предмет ранил свој колега, соопшти полицијата.

„На 22.06.2021 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци, скопско. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Татко и двајца синови крвнички тепале соселанец во Батинци

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во Советот на Општина Кочани

Горан Наумовски