Жител на Шишево доби кривична, направил депонија со шутот од студентскиот дом „Медицинар“

Од:

Сопственик на транспортна фирма од Шишево доби кривична пријава откако лани го однел целиот градежен шут од некогашниот студентски дом „Медицинар“ на локација во близина на своето село, создавајќи со тоа дива депонија која се обидел да ја затрупа, велат од полицијата.

„СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.С. од с. Шишево, општина Сарај и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, во својство на сопственик на пријавеното правно лице, во периодот од крајот на мај и почетокот на јуни 2020 година преку правното лице организирал транспорт на повеќе поврзани пратки на отпад(градежен шут и смет) од Инфективната болница при Клинички центар ,,Мајка Тереза во Скопје до локација на втора заштитна зона на бунарското подрачје „Нерези Лепенец” во општина Карпош. Тој отпад заедно со веќе постоечкиот затекнат на дивата нелегална депонија, спротивно на прописите за заштита на животната средина и спротивно на прописите и одредбите од Елаборатот-Експертизата за заштита на бунарската зона ,,Нерези-Лепенец” и без поседување на дозвола, бил закопан под површината на земјата, со што го сторил кривичното дело,“ велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

72-годишен маж од Скопје починал на улица

На депонија „Вардариште“ живеат над 200 луѓе, потпалувањата се дело на мал дел од тие што живеат таму, вели Тошковски

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Нов пожар, гори фабрика за пластика, црни чадови над Скопје

Предраг Петровиќ

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините