Жител на радовишко се снимал како пука со пиштол и објавил на ТикТок, доби кривична пријава

Од:

„ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с. Тополница, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи““, соопшти полицијата.

Според МВР, тој неовластено држел, носел со себе и употребувал пиштол „ЦЗ 99“ калибар 9 мм, снимал со мобилен телефон и континуирано поставувал видео клипови на социјалната мрежа „тик ток“, на кои се гледа дека во рака држи пиштол „ЦЗ 99“ калибар 9 мм, а на едно од видеата се гледа и како пука со пиштолот.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари