Жител на охридско си оградил државно земјиште и не дозволувал никој да помине

Од:

52-годишен жител на охридското село Елшани си оградил дел од земјиште со кое стопанисува Националниот парк „Галичица“, спречувајќи тука да се движат луѓе и попречувајќи го проширувањето на локален пат, соопшти полицијата. Елшанецот доби кривична пријава.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(52) од с.Елшани, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на 2020 година на неизградено земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, доделено на стопанисување на Национален Парк „Галичица“, Охрид, Р.С. дел од парцелата ја оградил и со тоа го попречувал движењето на граѓаните, а оневозможувал и проширување на асфалтираниот пат кој ги спојува нас.„Елешец“ со с.Елшани,“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино