Жител на кумановска Цветишница се удави во надојдена река

Од:

Педесет и едно годишниот Радован С., жител од село Цветишница, синоќа се удавил обидувајќи се да ја помине реката Длабочица.

Според првичните сознанија, тој заедно со Д.С од село Длабочица ја поминувале реката, но во тој момент надошло поголемо количество вода. Д.С успеал да излезе, додека Радован С. не успеал да се спаси.

Телото на починатиот е пронајдено денеска на оддалеченост од околу два километра од местото на настанот.

Поради непристапноста на теренот на лице место се упатени специјални единици од Министертвото за внатрешни работи за да го извадат телото од реката.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски