Жител на гостиварско Ѓурѓевиште под кревет чувал три пиштоли

Од:

Дваесет годишен жител на гостиварското село Ѓурѓевиште е приведен и задржан во полициска станица, откако полицијата во неговиот дом пронашла три пиштоли и муниција.

Од СВР Тетово информираат дека, вчера попладне, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на С.И. (20) во Ѓурѓевиште.

– При претресот, реализиран со судска наредба, под кревет оставени во кутија пронајдени се три пиштоли, пд лпо „В.Бернандели гардоне“ со калибар 7,65 милиметри и рамка со 7 куршуми, „Екол дикле“ со рамка без куршуми и „Екол“ калибар 8 милиметри, исто така, со рамка без куршуми со футрола, изјави Марјан Јосифоски портпаролна СВР Тетово.

Јосифоски, нагласува дека трите пиштоли, С.И. ги поседувал без довола, поради што се со потврда му се одземени и ќе се вештачат. Тој е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Денес се очекува да биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он