ЗХГ: Критикувавме кога требаше, поддржувавме кога требаше и затоа успеавме да оствариме тон успеси

Од:

Среќен ден на независноста на Македонија! Истата независност од големите партии Зелен Хуман Град (ЗХГ) ја продолжува во Скопје и на овие локални избори со наша граѓанска листа за советници! Тоа што пред 4 години го започнавме дефинираше еден комплетно нов начин на делување во Советот што покажа како само двајца советници донесоа бројни промени кои ни големите партии со десет советници не можеа, вела од ЗХГ.

„Тој концепт го нарековме „конструктивна опозиција“ што за разлика од останатите групи не се сведуваше на паушални расправии „јас вака, ти така“. Напротив, критикувавме кога требаше, поддржувавме кога требаше и затоа успеавме да оствариме тон успеси видливи на линкот во коментари (чекаме други политички групи да извадат вакви листи на успеси соодветно на нивниот број на советници). За секој успех ќе објаснуваме подетално во посебни постови овој период.

Оваа година на листата ќе видите нови луѓе кои претходно не беа советници, токму со цел да покажеме дека ЗХГ не планира да гради кариерни политичари, туку континуирано да внесува нови сили и идеи поддржани од претходните советници со знаење и насоки. Со сите нови идни советници ќе може да се запознаете низ нашите постови овој период, но едно е најважно – тие се долгогодишни докажани активисти кои волонтерски помагале на Скопје и Македонија. Тоа за нас е главен критериум што покажува дека некој заслужил воопшто да се натпреварува за советничко место.
Ако сакаш докажани долгогодишни активисти кои знаеш дека им се трн на големите партии, поддржи го ЗХГ.

Ако сакаш претставници кои целосно ја дигитализираа работата на Советот кога никој тоа не го правеше, поддржи го ЗХГ. Ако сакаш да те претставуваат млади и амбициозни луѓе место диносауруси, поддржи го ЗХГ. Процесот за собирање потписи за партија уште трае, тоа не застанува со нашата кандидатура како граѓанска листа, велат ЗХГ.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Граѓаните протестираат, партиите кои се менуваат на власт се обвинуваат за загадувањето

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето

Катерина Ѓуровски

Во Скопје протестен марш против аерозагадувањето

А1он

Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје

Зелен хуман град: Го одбиваме буџетот на Град Скопје за 2024 година

Катерина Ѓуровски