Жешко во судницата за случајот „Ровер“

Од:

Во судот продолжи распитот на сведоците во случајот „Ровер“.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски се товари за помагање во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.

Мирослава Јанева, мајката на убиениот Киро Јанев, рече дека нема цена за животот на нејзиниот син и дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите, објави Макфакс.

Атмосферата ја вжешти сведочењето на поранешен вработен во МВР, Киро Станковски, кој додека бил вработен контактирал со обвинетиот Ивица Ристиќ, кој ги посочил извршителите на убиството.

Адвокатите тврдеа дека обвинителката поставува сугестивни прашања, а обвинителката дека нејзината цел е Станковски јавно да каже за контактите со Ристиќ, бидејќи тој се бранеше со молчење.

Според сведочењето на Станковски, Ристиќ побарал заштита на неговиот идентитет и ги посочил извршителите на убиството, но сведокот, освен на Предраг Чубрило, не можеше да се сети на другите имиња.
Убијците му оставиле на Ристиќ, четири парчиња оружје и му рекле да ги фрли во реката. Според она што му го кажал Ристиќ на сведокот, тој во тој момент не знаел за убиството на Тушевски и Јанев и не знаел што се случило.

Претходно, заштитениот сведок во процесот „Ровер“ за убиството на Марјан Тушевски слушнал на телевизија. Овој сведок предизвика општа смеа во судницата, со оглед дека не знае ништо и нема никаков доказ.

Во досегашното испитување ниту еден од сведоците не го обвини Љубе Бошкоски за убиствито на Марјан Тушевски, никој не го посочи дека наредил такво нешто или пак дека им помогнал на убијците да избегаат.

Би можело да ве интересира

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он

Судењето за убиството на Данка Илиќ се сели во Неготин – на обвинетите им се заканува доживотен затвор

А1он

Полицајците обвинети во предмет поврзан со пожарот во „Пулс“ не се чувствуваат виновни

А1он

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски