(ВИДЕО) Жерновски: Премиерот бега надвор секогаш кога има криза во државата

Од:

„Македонија цела седмица е во знакот на одбележувањето на денот на албанското знаме и прославата на стогодишнината од независноста на Албанија. На една половина од територијата на државата се веат исклучиво албански знамиња, некои од нив на 30 метарски јарболи, цели објекти, згради, мостови и надвозници се завиткани со огромни знамиња, наскаде се испишани графити некои од нив и со иредентистичка содржина“, укажа на прес конференција, претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски.

Овие денови, рече,  во Македонија не се зборува за ништо друго освен за висината на јарболите, не се зборува за тоа колку е голема кризата и сиромаштијата туку колку се големи албанските знамиња,   Македонците  овие денови се чувствуваат како туѓинци во сопствената држава.

„Додека се палат и кинат државните и националните знамиња, со што грубо се гази врз достоинството на македонските граѓани и државата, тажна е немоќта на министерката за внатрешни работи, Јанкуловска која  не само што не ги гледа јарболите со албанските знамиња туку  се прогласи за ненадлежна“, рече Жерновски.

Потсети на изјавата на министерката Јанкуловска :„ МВР реагира доколку некој од нас побара помош. До овој момент никој, од нас, не побарал ниту помош, ниту доставил било какво барање поврзано со оваа проблематика“.

Жерновски укажа дека и  покрај тоа што законот е јасен и дециден дека, секогаш кога се истакнува  албанското знаме, на јавни места, покрај него мора да стои и  Државното знаме кое треба да биде со поголеми димензи, на  грубото кршење и непочитување на законот до сега нема реакција од ниту една државна институција.

ЛДП ја прашува Јанкуловска дали  е ненадлежна и за знамето со кое беше покриено  полициското возило кое вчера парадираше низ скопските улуци. Дали   и за ова треба некој да и пријави на Јанкуловска и од неа да побара “помош”?

„Уште позагрижувачки е што секогаш кога на Македонија и се случуват немили настани кои се сериозна закана за кревките меѓуетнички односи нејзиниот премиер ја напушта земјата. Груевски не беше тука кога се случуваа  настаните на Скопското Кале, инцидентите во автобусите   на ЈСП во кои  маскирани лица крвнички претепува  патници, беше на “роуд шоу” и за време на настаните во Струга, за време на поклонувањето на министерот на одбрана пред споменикот на УЧК .И овој пат откако, Груевски ,   широко ги отвори вратите за прославата на албанската независност на која почесни гости беа албанскиот и косовскиот премиер, а неговиот коалициски партнер  Али Ахмети  го поздрави градоначалникот на Чаир,  како  градоначалник на Старо Скопје, повторно не е тука. Сега, кога Македонија е навлезена во крајно опасна зона во која инцидентите, со непочитување и палењето на Државното знаме,  можат да прераснат во конфликти од веќе видени и несакани размери, нашиот премиер наместо решение на проблемите го избира бегството“, рече лидерот на ЛДП, Жерносвки.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови