Жерновски: Законот важи и за претседател на држава, Влада и на судови

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, излезе со реакција на ФБ, по информацијата дека  обвиителството со полиција  интервенира во општина Центар за да го заштити претседателот на Основниот суд Скопје 1.

Жерновски напиша:

За мене, Законот мoра да важи за сите подеднакво. И за претседател на држава, и за претседател на Влада, и за претседатели на судови. За сите! Никој не смее да биде ниту над, ниту под занонот.
Во целиот изминат период, администрацијата на општина Центар и јас како градоначалник, перманентно сме изложени на притисоци и закани. Сакам уште еднаш да напоменам дека ниту сме подлегнале, ниту ќе подлегнеме на било какви притисоци.
Само со стриктно почитување на законите, нашата држава и ние граѓаните можеме да очекуваме подобра иднина. Во спротивно, и поматаму ќе останеме заробени во сегашното сивило, беззаконие и бесперспективност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“