Жерновски: Во образованието не се мешаме, средбата кај Трајановски е со политичка позадина

Од:

Од општина Центар соопштуваат дека градоначалникот Андреј Жерновски, воопшто не бил информиран за одржувањето на координативен состанок на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со градоначалниците на скопските општини, а во врска со најавениот штрајк на СОНК, и затоа е изненаден од крајно тенденциозната изјава за неговото неприсуство.

„Повеќе од јасно е дека изјавата на Г-динот Трајановски, како и самата средба, се со партиско-политичка позадина. Градоначалникот Жерновски и општина Центар остануваат доследни на принципот не немешање на политиката во образованието. Токму поради тоа, на директорите, наставниците и воспитувачите, им е оставено сами да одлучат дали ќе го поддржат штрајкот на СОНК“, стои во соопштението од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила